Владимир Божиновски во своето гостување во радио Лидер зборуваше за последната анкета која ја спроведе агенцијата Стратум Рид каде посочи дека податоците се целосно неконзистентни.
-Кога се спроведува истражувањето и тие одговори после влегуваат во софтверот, во системот и ги имаш тие истражувања и самиот СПС тест после вади табели од кои што правиш графикони. Она што е значајно, ти кога ќе ги внесиш податоците самиот систем ти вади графикони, табели и така натаму. Ти не можеш за исто прашање, пазете од едната страна го имаш еден графикон на тоа прашања каде 35% вкупно од оние кои што се многу како беше целосно за и делумно за уставни измени, потоа имаш 19% кои се делумно против и после имаш 31% целосно против и 17% кои што не знаат. Тоа е на левата страна претставено во објавата. На десната страна на истото прашања они велат дека 35% вкупно, нели тие што се целосно за и делумно за, се за уставни измени, 19% се против, а 50% биле неутрални, што и да им значи тоа неутрални. Целосно се неконзистентни, неконзистентни се податоците, потенцираше Божиновски.
Во врска со анкетата Божиновски потсети дека не може вкупниот збир на проценти да изнесува над 100%.
-Од левата страна вкупниот збир дава 104, од десната страна дава 102, а вкупниот збир не смее да надмине 100, нормално. Вие може илјада пати да ги внесете во било кој софтвер, дали е СПС или Ексел, вие ќе добиете 100, не може да добиете над 100, додаде Божиновски.
На крај тој порача дека таква грешка не може да се направи и станува збор за целосна неконзистентност.
-Резултатите се целосно неконзистентни затоа што викаш вкупниот збир за тие што се против е 50, овде на десната страна го претставуваш со 19. Вкупниот збир на тие што не знаат како би се поставиле од левата страна е 17, а од десната страна неутрални биле 5. Ова не е грешка, ова е целосна неконзистентност, додаде Божиновски.