Оној наратив кој што се обиде премиерот да го наметна дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав паѓа во вода, со самото тоа што имаме ситуација во која што за да се оствари она кое што го вели Ковачевски треба да биде прифатен оној предуслов кој што го кажа ВМРО-ДПМНЕ, а со кој што ќе се задоволат сите оние барања на повеќето опозициски партии и граѓани, вели Владимир Божиновски, политички аналитичар во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.
Божиновски потенцираше дека она кое што го бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерската средба со Димитар Ковачевски значи дека се додека не се заврши целиот процес односно додека Македонија не го ратификува приемот за членство во Европската унија нема да важат, со што како што рече тој ако сега им се даде се на Бугарија може Македонија повторно да биде оставена на цедило.
Промената на Уставот да важи кога ќе се ратификува приемот на Македонија во ЕУ, така ќе може да се види кој бил во право, бидејќи ако ние сега дадеме се и веднаш повторно ќе бидеме оставени на цедило. А вака и да се изгласани уставни измени кои би важеле по евентуален прием на Македонија в ЕУ, кажа тој.
Прво ова со одложено дејство што го спомена ВМРО-ДПМНЕ значи дека се гласа нешто кое што нема да има ефект се додека не се заврши целиот процес и затоа може да се изгласа уште од сега ако се прифати тоа од СДСМ и нормално ако се прифати тоа и од Европскиот совет, истакна Божиновски.
Божиновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останала на својот став дека овој парламентарен состав нема легитимитет од страна на граѓаните да го менува уставот и дека за уставните измени и за се друго треба да се разговара на по изборите.
Најважно е што ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека овој парламент нема легитимитет да го промени уставот и дека тоа може да се разговара со еден куп други работи по изборите, изјави Божиновски.