недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: Куманово ова не го заслужува, откако Спасовски му поднесе кривична пријава на Димитриевски, тој никаде го нема!

Божиновски: Куманово ова не го заслужува, откако Спасовски му поднесе кривична пријава на Димитриевски, тој никаде го нема!

Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува каде го снема кумановскиот градоначалник месец дена?

-❓ Едно прашање е актуелно низ кумановската чаршија периодов: каде се изгуби градоначалникот #МаксимДимитриевски? ?
Откако #ОливерСпасовски му поднесе кривична пријава на својот сопартиец, во егоцентрична и нарцисоидна борба?? за доминација врз Куманово, демек “на татка им имање е” – што би рекле моите сограѓани, Максим едноставно како да “пропадна во земја”! ?
Толку ли “гореше” во тебе #војводството и #комитлукот, Максиме❓Толку ли траеше твоето “удирање во гради” дека нема да попуштиш во исправната борба за своите граѓани, против неспособната и корумпирана централна власт? ?‍♂️
Чуму толку солзи изрони ?, Максиме, кога на “прва кривина ги истумба” граѓаните за кои превзеде одговорност❓
Толку ли беше твојата точка на топење, една кривична пријава и молк⁉️ Слабо Максо, премногу слабо.
? Во денови кога ги газат кумановчани, со карантин кој не го заслужија, после своето примерно однесување за време на полицискиот час, ти немаш храброст да излезеш јавно и да застанеш во нивна одбрана.
Те “скршија” Максиме, сите тоа го гледаат и зборуваат, верувај ми.
Куманово ова не го заслужува! ?
Ова е изживување и газење врз трпението и смиреноста на кумановчани!
Заради демонстрираната неспособност, твоја и на твојата партија, заради вашата забеганост со терање кампања во време на светска пандемија, заради немањето храброст да го ставите само Липково, а не Куманово во карантин, ќе останеме затворени уште нови три дена, ќе ги задржиме децата во четири ѕида, ќе ги оставиме незапалени свеќите за најблиските на гробиштата. ?
Прочитан си, Максиме! ?
Ти од една страна, а #Спасовски и #Заев од друга, вие сте ист калибар, вие сте лице и опачина! ?
Ќе го истрпиме и ова понижување!
А после доаѓа нашиот ред, нашиот крик, нашата реакција! ✊
П.С. нема да ме зачуди пак да си ја “грабнеш” во раце својата Југословенска “тробојка” за сликање ?, демантирајки дека некогаш си ставал слики и си пишувал текстови за македонската ѕвезда од Кутлеш. ?
Да де, од денеска, откако ти ја “скинаа” кривичната пријава! ?, стои во неговиот пост на Фејсбук.

❓ Едно прашање е актуелно низ кумановската чаршија периодов: каде се изгуби градоначалникот #МаксимДимитриевски?…

Gepostet von Игор Божиновски / Igor Bozinovski am Donnerstag, 4. Juni 2020

 

Најнови вести