среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: На државните инстититуции воопшто не им се верува штом доаѓа американска ДЕА и учествува во акција за разбивање на наркокартели

Божиновски: На државните инстититуции воопшто не им се верува штом доаѓа американска ДЕА и учествува во акција за разбивање на наркокартели

Причини за интерпелација за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски имаше. Толку пасоши да се издадат, за околу 200 лица кои се криминалци и мафијаши во светот, тоа потсетува на Колумбија од деведесеттите, рече на гостувањето на телевизија 24, аналитичарот Владимир Божиновски.

Според него во една од акциите мораше и американсаката ДЕА да доаѓа затоа што тука надележните не се способни.

-Тоа со пасошите е почнато со доаѓањето на Спасовски на функција и тоа покажува колку треба да си неспособен. Тој еве тоа требало да го спречи. А тоа што ДЕА учествува во разбивање на наркокартели зборува колкава е недовербата во нашите институции. Од ДЕА, тие беа присутни директно на терен, рече Божиновски.

Оставките, според него се поднесуваат како морален чин, и затоа требаше Спасовски да си поднесе оставка и сам.

Најнови вести