Според Заев и во 2018та година добивме датум, зошто сега зборуваме за датум, нели така тој објави добивме датум, почнуваме преговори. Но, на лагите им нема крај. Значи она што и треба на Македонија да ја согледа реалната состојба без никакви би рекол бајки и некакви изјави на оптимизам кои што само дополнително можат да создадат дополнителен некаков гнев кај народот кој што веќе континуирано три години се лаже, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во интервју во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.
Божиновски, смета дека Европската унија мора да донесе одлука да ја притисне Бугарија околу повлекување на своите ставови, потенцирајќи дека тој и претходно кажал дека парламентарните избори во Бугарија нема да го сменат ставот кон Македонија.
-И претходно дискутирав дека изборите во Бугарија нема да решат ништо, како и што навистина се случи. Она што всушност е потребно ЕУ да си донесе одлука со која што на некој начин ќе ја притисне Бугарија да се повлече, истакна тој.
Во однос на корупцијата Божиновски смета дека функцијата на поднесување на анкетен лист на функционерите е да се знае потеклото на неговиот имот, односно од пред да дојде на функција па се до напуштање на функцијата.
-Мојот став е дека на секој еден политичар точно треба да се знае неговото потекло на имот пред да дојде на функцијата и откако ја напуштил функцијата, додавајќи дека мора да се стави крај на влегување во политиката само заради збогатување. Значи проблемот кај нас е што мораме ние да ставиме крај на влегување во политика заради збогатување, рече Божиновски.