Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на селата Железница и Катеново во Кратово каде што разговарал со жителите за обновата која што доаѓа.
-Денеска ги посетив селата #Железница и #Кетеново во Кратово и разговарав со жителите за Обновата која доаѓа во Македонија.
Во секој дом во кој ќе влеземе, во секој двор каде што ќе ги сретнеме домаќините, се соочуваме со искрениот лелек од дното на нивната душа. Ни ја откриваат болката од црнилата кои им се надвиснати овие три години, оние изгубени и украдени години кои требаше да донесат живот, а всушност животот им го направија пекол, ним и на нивните семејства.
Но овие искрени и чесни луѓе, обременети со мноштво проблеми и разочарувања, не ја губат надежта, ја гледаат и очекуваат зората, која ќе се појави за 40тина дена.
Дедо Миле со солзи во очите раскажува колку многу крв се има пролеано за ова наша Татковина, за да денеска неразбраните трговци ја распарчуваат нејзината историја, се откажуваат од името и идентитетот и се срамат од нив. Но, свесни и мудри се луѓето, вели тој, тоа го зборуваат овде низ селото, но го зборуваат и роднините, пријателите, сите добронамерници – овие национални понижувања, сите криминали, сите злоупотреби од страна на Заев и криминално рекетарската власт ќе бидат жестоко казнети на 12ти април.
Никој до сега не избегал од судот на народот!
Ќе си ја вратиме Македонија!
Ќе ја обновиме и повторно градиме!
#ОбноватаДоаѓа ??, стои во неговиот пост на Фејсбук.