Денеска #Обновата беше пред домовите на моите сограѓаните во населбите Вера Которка и Доброшане во Куманово. Граѓаните се изневерени од власта, револтирано и разочарано констатираат дека три години Зоран Заев и СДСМ владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира. Зоран Заев и СДСМ наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата, ја понижија пред светот, а дома ја опљачкаа. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Божиновски.
-Ветуваа правна држава, а го уништија системот. Судски пресуди се пишуваат по нарачка, а обвиненија се отвораа само со дозвола на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ го разбира нивниот гнев, сите се свесни дека ја клекнаа државата на колена, ја убија надежта кај луѓето само заради нивните лични профити,пишува Божиновски на Фејсбук и додава:
„Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Тука сме. Имаме идеја и визија за обнова на Македонија!“.