На градоначалникот, како и на сите останати заразени сограѓани им посакувам што поскоро оздравување. Изборете се со вирусот за себе и семејствата! Она што неминовно се наметнува се прашањата: Вака ли Оливер и Владата имаат се под контрола? Вака ли “успешно” се справуваат со ситуацијата? И што сега?-прашува Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот Фејсбук статус следува во продолжение:
Предлагам да дојде Оливер Спасовски да го води кризниот штаб!
Да им погледне на кумановчани во очи!
Да се запознае конечно со реалноста и да го види ужасот кој му претстои на Куманово, а е резултат на неговата неспособност, некадарност, негрижа!
Максим, како градоначалник од нивни партиски редови, дури и беше умерен, дури и се воздржуваше и бираше зборови за да ја прикаже реалната слика во Куманово, во болницата, повикуваше и апелираше. Бадијала! Штом е партиски ривал на Оливер исто како да е нем, безчуен. Никој ниту го слуша, ниту го есапи.
Зошто е формиран и постои Општински кризен штаб ако никој не ги уважува неговите ставови, укажувања, согледувања? Зошто?
Ваквиот однос на Спасовски кон Куманово и кумановчани ќе го чини изгубена, катастрофално завршена политичка кариера, но тоа е далеку помала цена од таа која ја плаќа секој еден кумановчанец кој живее во страв и неизвесност, далеку помала цена од таа што ја плаќаат заболените сограѓани и нивните блиски, и уште далеку помала од таа што ја и ќе ја платат починатите сограѓани и нивните зацрнети и запустени семејства.
Болницата пред целосно затварање.
Шефот на Општински кризен штаб заболен.
Општинскиот кризен штаб, општинска администрација, Совет десеткувани!
И сега?
Оливер? Филипче? Бујар?
Дојдете и решете го проблемот кој вие го направивте, или, дајте си оставки сите и оставете не сами како знаеме и умееме да се справиме со последиците од вашата неспособност!