Политичкиот аналитичар за „Слободен печат“ ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека одложување на пописот ќе нема и рече дека во време кога има илјадници новозаболени од Ковид-19 и кога состојбата епидемиолошка постојано се влошува, на преден план се тера тврдоглавост.
-Пописот мора да се одложи за да не биде неуспешен. Сите држави го одложуваат спроведувањето, но кај нас се тера тврдоглавост. Кај луѓето владее страв и идејата за негово одложување е поради самиот квалитет на процесот и релевантноста на податоците. Јас лично не би пуштил тројца попишувачи да ми влезат во домот, а што да прават оние лица кои се во ризичните категории, вели аналитичарот Владимир Божиновски.