петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: Со потпишување на францускиот предлог Македонија си ги затвора вратите за ЕУ, македонската јавност обединета против Ултиматумот

Божиновски: Со потпишување на францускиот предлог Македонија си ги затвора вратите за ЕУ, македонската јавност обединета против Ултиматумот

„Во дипломатијата нема пријатели, има само интерес, така да тоа се потврдува на наш грб уште еднаш. Бевме уверувани пред 4-5 години нели дека тоа е последната пречка нели Преспанскиот договор која што стои пред нашиот евроинтеграциски пат, па после излезе дека кога Грција го тргна ветото, Франција ни стави вето. Значи не беше веднаш Бугарија, туку Франција ни стави вето, за да сега истата Франција поднесе француски предлог. А, по француското вето, Македонија го доби и бугарското вето“, истакна Владимир Божиновски при гостување во емисијата „Само вистина“.

Божиновски потсети дека власта потпишуваше секакви договори каде што се бараше се и сешто од Македонија, работи кои во минатото никогаш не биле ниту дискутирани.

„Мора да имаме некаква заштита која што ќе ни гарантира дека ние ќе ги почнеме тие преговори без притоа некој да не условува. Многу беше проѕирно, многу беше јасно дека Бугарија си го чека редот. Мојот став за проблемот Бугарите што го имаат очигледно со нас е дека ние не требаше да преговараме воопшто, а јас година ипол го говорев тоа. Тоа си е работа помеѓу Бугарија и ЕУ, нас ни беше ветено дека ќе почнеме преговори со ЕУ и тоа го чекаме. Во преговарачката рамка досега ниту еднаш за ниту една држава не е ставен билатерален проблем. Сега не само што ние ќе спориме со Бугарија, туку сега ние ќе спориме со ЕУ затоа што сега Бугарија ќе биде сокриена позади ЕУ. Значи сега тоа нема да бидат условувања на Бугарија туку сега тоа ќе бидат барања од ЕУ доколку сакаме да напредуваме. Значи тоа е ужас без крај“, нагласи Божиновски.

Божиновски посочи дека самото прифаќање на францускиот предлог не значи дека Македонија дека ќе влезе во ЕУ.

„Јас ги слушам некои од владините портпароли, министри и други челници велат дека уште ова да се прифати, добар е предлогот и ние влегуваме во ЕУ. Но, не влегуваме во ЕУ. Како влегуваме во ЕУ? Ние ниту ги започнуваме преговорите. За да ги започнеме треба да го промениме Уставот“, појасни Божиновски.

Божиновски додаде дека со прифаќање на Ултиматумот не се започнуваат преговорите со ЕУ. Македонија со прифаќање на овој француски предлог не влегува веднаш во ЕУ. Со потпишување на францускиот предлог де факто Македонија си ги затвора вратите на ЕУ.

„Имаме огромни протести, досега невидени во Македонија и тоа натпартиски. На протестите имате луѓе од сите партии, имате луѓе што гласаат и што не гласаат. Академската заедница е исто така обединета дека овој предлог не е добар. Од МАНУ повеќе професори излегоа, академици кои велат дека не треба да се потпише овој предлог“, заклучи Божиновски.

Тој истакна дека целата македонска јавност се против предлогот. Власта треба да ја послуша јавноста и да го отфрли предлогот.

Најнови вести