Гласачите на ВМРО-ДПМНЕ или се против или за бојкотирање, некои јасно кажаа, а некои не. Така да ставот кој сега беше кажан, беше познат, рече аналитичарот Владимир Божиновски гостувајќи во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма.
Божиновски посочи дека партијата, го кажа ставот, и истиот е вообичаен за вакво прашање, и оти не работи на тивок бојкот.
Според него се направија погрешни чекори кога станува збор за референдумот, и оти „требаше да се вклучи и ВМРО-ДПМНЕ, но направени се многу грешки и сега нема враќање назад“.