Секојдневно разговараме со секој еден од Вас. Заедно ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт и ќе ја градиме и реализираме Обновата, објави на совојата Фејсбук страница членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Божиновски.
Целата објава на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Божиновски ви ја пренесуваме во целост:
Денеска #Обновата беше во домовите во Карап маало, во центарот на Куманово.
Разговаравме со Бобан, со Бабалит, со баба Ангелина и со многу други нивни комшии.
Секојдневно разговараме со секој еден од Вас. Заедно ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт и ќе ја градиме и реализираме Обновата. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12ти април. Вие граѓаните сте причината за која работиме.
ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со граѓаните!
Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите.
На 12ти април следува одговорност.
Оваа власт ќе остане обележана по националните предавства, по затворените патриоти, а илјадниците криминалци пуштени на слобода да одработуваат за власта, по епидемијата на непотизам, грантовите на Фондот за иновации кои беа делени на лица блиски до власта, по сомнителната поделба на лиценците за возачки испитни центри, сомнителните бизниси на Анѓушев и Заеви, по “Леонардо”, “Сар Хемс”, “Рекет” 1, 2 и 3 и редица други криминални афери.
Заедно ќе победиме, за ова зло никогаш да не се повтори.
Зоран Заев никогаш повеќе!
#ОбниватаПредВашиотДом
#ОбноватаДоаѓа ??