недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Браун: Обучувањето на градоначалниците е само почеток, следуваат и понатамошни настани сѐ со цел подобрување на функционирањето на администрацијата во општините

Браун: Обучувањето на градоначалниците е само почеток, следуваат и понатамошни настани сѐ со цел подобрување на функционирањето на администрацијата во општините

„Се радувам што денес заедно во рамки на општинската академија ги обучуваме градоначалниците во општините“, изјави директорот на Конрад Аденауер, Даниел Браун на денешниот настан во Прилеп на тема „Ефективни зелени и економски политики на локално ниво – Создавање на модерни општини“ наменет за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Браун посочи дека како што може да се види од програмата станува збор за тоа како можеме да ја подобриме работа на општините, како да ги подобриме состојбите во заштитата на животна средина.

„Како што може да се забележи во програмата наведено е како може да се употребат и други поефикасни методи на локално ниво. На локално ниво граѓаните даваат свое мислење и даваат предлози и на тој начин имаме поголемо учество на граѓаните и затоа локалното ниво е двигателот на политиката“, кажа Браун.

Браун потенцираше дека локалното ниво претставува начин каде може да се види како функционира државата и развојот. Добро е денес што речиси сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се присутни овде во Прилеп, ова е само почеток, следуваат и понатамошни настани.

Најнови вести