четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БРАВО ХУМАН НАРОДЕ: Собрани парите за третман за малата Елеонора, благодарност од семејството!

БРАВО ХУМАН НАРОДЕ: Собрани парите за третман за малата Елеонора, благодарност од семејството!

Елеонора Тодоровска има пет години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест која се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може самостојно да се храни.

Болеста стагнираше по неколку здравствени третмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница „LIV hospital” уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста преку третман со матични клетки. За целта да биде остварена потребни се 17.400 евра за првите третмани.

Оваа сума нејзиното семејство не можеше да ја обезбеди, па побара помош од хуманиот народ.

И ПОБЕДИВМЕ ЗАЕДНО!

За седум денови или една недела се собраа средствата за првиот третман на малата Елеонора Тодоровска, која треба да се лекува во Турција од ретката болест леукодистрофија. Семејството успеа со донациска помош преку телефонските линии на Телеком и А1 да собере средства за третманот кој чини 17.400 евра.

За ова, тие изразуваат особена благодарност до секој еден кој и со најмал придонес помогна и се приклучи во борбата на Елеонора.

Најнови вести