Виолета Спасов Колева до вчера вработена во општина Лозово со стаж од 14 години како раководител на одделот за финансии, која воедно е и бремена е избркана од работа. Нејзината сестра која се обрати до редакцијата на КУРИР за овој случај, вели дека Виолета без никаков основ е оставена на улица, без плата, пари и осигурување, како и без право на трудничко боледување.
По 14 години работа во општината Лозово, во моментов на чело со градоначалникот Ацо Велковски, Виолета добива отказ, иако по Закон не смеат да одјават од работа бремена жена.
Во Законот за работни односи јасно е наведено дека несоснована причина за отказ е одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање, родителство…
-Ве молам да ни помогнете со ваша објава да се разбудат институциите во државата да се заштитат луѓе, обичните граѓани, да понесат одговорност Ацо Велковски и Петре Цилаков за нанесената штета и неправда- се разбира нашата борба оди понатаму со одлука на Суд, вели низ солзи сестрата на Виолета Спасов Колева за КУРИР.
Во продолжение следува исповедта на Жаклина, сестрата на Виолета.
-Проблемите почнуваат со градоначалникот веднаш по неговото превземање на власта поточно од февруари 2018 година. Се водеа три дисциплински постапки, две парични казни, а од сето ова произлегоа и две кривични пријави против градоначалникот Ацо Велковски и секретарот Петре Цилаков. Се водеа тендециозни, фиктивни, наместени и смислени настани проследени со изживувања, притисок, закани и многу други работи.
Виолета беше во изолација 7 месеци сама без компјутер и телефон кој го користеше само за време на пауза, забрана на сите вработени за комуникација со нејзе, во спротивно летаа казни за збор.
Виолета изгуби бебе, имаше спонтан абортус заради изживување врз неа од Ацо и Петре, без трошка совест и човечност, истите тие луѓе уживаа во нејзината, нашата болка за бебето, а притоа и нашиот татко е многу болен.
Летаа казни парични од еден настан во друг, користеа се и секого во општината против нејзе. Три постапки се на Суд како и кривичните, последната беше отказ и Агенцијата за администрација го потврди решението кое е првосилно, но не конечно, односно по одлука на суд, постапка за отказ завршува со одлука на Врховен суд, но во општината не им се чека ни одлуката од Основен суд, за во септември е одложена, но во меѓувреме мојата сестра останува бремена и пред да се потврди отказот од Агенција и заради ризична бременост е на боледување на свое барање за користење годишен одмор поради настанати компликации и конзилијарно мислење е оставена да мирува и на боледување, но дотичните господа тоа не ги интересира.
Нејзината ситуација, фактот дека е бремена, факот дека по Закон не смеат да одјават од работа бремена жена не ги спречи по истекот на годишен одмор кој беше прекинат со боледување да ја одјават.
Тие се пред и над законите во Македонија- оставија на улица бремена жена без плата, пари и осигурување, како и без право на трудничко боледување, вели таа за КУРИР.