четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Брисел тврди дека воопшто не се разговара за преговарачката рамка со Македонија

Брисел тврди дека воопшто не се разговара за преговарачката рамка со Македонија

Ова е ставот на европкомесарот за проширување Оливер Вархеј, кој во фото-финишот во обидите за европсктата деблокада на земјава, кажа дека проблемот сега е во Софија. И додека целата надеж сега е насочена кон францускиот предлог за решение, Вархеј смета дека решениеот на проблемот треба да е прашање на денови.

-Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ. Во оваа фаза не можеме да зборува за било каква преговарачка рамка. Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години (за почеток на преговорите со Македонија). -– Оливер Вархеј – Еврокомесар за проширување

И додека Македонија е целосно блокирана поради иразционалните Бугарски барања, Комисијата денес одлучи да препорача кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина и Молдавија. Грузија „извиси“, а од Брисел побараа земјата да спроведе подлабоки реформи пред да се стекне со кандидатски статус.

-Комисијата му предложи на Советот на Европа: Прво, на Украина да и биде дадена европска перспектива и второ на Украина да и биде доделен кандидатски статус. Ова е секако подразбира дека државата ќе продолжи со идни навистина важни реформи. Според Комнисијата, Украина јасно демонстрираше аспирации и посветеност да живее во духот на европските вредности и стандарди. -– Усрула фон дер Лајен – Претседателка на Европксата комисија

Дали Украина и Молдавија и официјално ќе станат земји кандидати зависи од консензусот по ова прашање, кој на 23-24 јуни, за време на самитот на ЕУ во Брисел, ќе го градат земјите членки. На истиот собир ќе биде и јасно дали Македонија конечно ќе добиеме датум за преговори или европскта перспактива на земјава и регионот ќе биде „замрзната“ на неопределено време.

Најнови вести