среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Брнз: Избори кога ќе има услови за тоа

Брнз: Избори кога ќе има услови за тоа

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз во интервју за Независен весник вели дека избори ќе има само кога условите ќе дозволат безбедно одржување на истите.

-А, идната фаза ќе бара добро владеење, исто така. Ова е паламентарна демократија, така што важно е кога ќе влезете во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата и долгорочното олеснување на рестрикциите, да имате целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните. Така што, од оваа перспектива разумно е да се очекува дека, штом условите дозволат да се одржат безбедно изборите, политичките лидери да утврдат излезно решение така што ќе се соберат заедно и ќе договорат пат за одржување избори кои нема да бидат само фер и транспарентни, туку и безбедни, имајќи ја предвид грижата околу заштитата на граѓаните што треба да излезат на гласачките места и тие што ќе работат на нив, вели Брнз во интервјуто за Независен весник.

Најнови вести