Сериозни сомнежи за полнење на гласачки кутии има во четири избирачки места во општина Сарај. На социјалните мрежи многумина пишуваат за сомнежи дека се полнат кутии во неколку места низ државата, меѓу кои е и Сарај.
А тоа го кажуваат и самите бројки. Имено, на избирачкото место 2455 во оваа општина од вкупниот број на 656 гласачи, до 11 гласале 46 гласачи, до 13 часот 142, а драстичен раст пак има до 15 часот, кога бројот на излезени бил 409 гласачи. Ова предизвика големи сомнежи во јавноста за можни нерегуларности, поради тоа што во 2017 година на локалните избори, за целиот изборен ден излезени беа 397 гласачи.
Уште почудна е ситуацијата во Избирачкото место 2458/1, каде во 2017-та вкупно гласале 174 гласачи, додека пак до 15 часот гласале повеќе од двојно повеќе, 381 гласач, додека пак состојбата во 13 часот била 74 гласачи.
На избирачкото место 2450, пак до 11 часот гласале 46 гласачи, во наредните два часа пак до 13 часот бројката на гласачи расте на 380 излезени. Бројката на излезени гласачи до 15 часот пак е за нешто помалку од 100 повеќе од целиот изборен ден на локалните избори во 2017-та година. Сега излезени се 620 гласачи, а тогаш биле 527.
Во избирачкото место 2430, пак до 11 часот биле излезени 130 гласачи, до 13 часот 433, а до 15 часот 490 гласачи. Вкупниот број на излезени во ова избирачко место во 2017-та бил 401 гласач.
За инциденти во Сарај на пресот одржан пред кратко време говореше и претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, кој кажа дека нема приговор се уште од таков тип, но дека бил задолжен претседателот на Општинската изборна комисија.