недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бројот се зголемува: Приведени 4 лица за „Јавна соба“

Бројот се зголемува: Приведени 4 лица за „Јавна соба“

Досега се приведени4 лица, директни учесници во направената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. Од нив две од Велес, едно од Битола и едно лице од Штип.

-Во заедничка соработка со обвинителството се работи на понатамошни докази во потрагата на нови лици инволвирани во оваа група со цел да се дојде до оние кои ја креираат оваа група, меѓутоа и до оние кои ги злоупотребуваат личните податоци. Станува збор за брза реакција во спроведување на сторителите за да во најбрз можен рок се стави крај на злоупотребите од овој тип на социјалните мрежи, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Најнови вести