среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Брутален атак на владата кон МПЦ: Имало владици кои биле штетници како мувите и црвите

Брутален атак на владата кон МПЦ: Имало владици кои биле штетници како мувите и црвите

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски упати остри критики до ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата дека „си направиле партиски собир од традиционалната манифестација во Кавадарци по повод Свети Трифун, а упати и критики и до владиката Агатангел, кој беше во придружба на Мицкоски.

Владиката одржа контроверзен политички говор во кој го благослови лидерот на опозицијата Мицкоски и за „најсветата партија ВМРО-ДПМНЕ“.

„Жалам што оваа манифестација во Кавадарци во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што еден владика од името на Агатангел се сведе на толку ниски граници, ја извалка мантијата, навредувајќи ги еден голем дел од македонските граѓани и повеќе прави срам на Црквата отколку што самиот си прави срам за себеси“, изјави Милевски.

Најнови вести