Бранко Тричковски, долгогодишен гласноговорник на Зоран Заев, повторно излегува јавно со брутален говор на омраза.
Овој пат тој со омраза и антисемитизам “удри“ по министерката Рашела Мизрахи.
Граѓаните шокирани и згрозени, бараат одговорност од овој човек и институциите да превземат мерки. Не штедеа зборови, поради револтот кој Тричковски и неговите истомисленици, го разбудија во нив.
МАН: Тричковски треба да биде санкциониран, “Слободен печат“ да се огради од неговите ставови
Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува антисемитскиот говор на омраза од колумнистот на “Слободен печат“ Бранко Тричковски.
-Не е прв пат лицето Бранко Тричковски да шири говор на омраза, овој пат антисемитски. Тој постојано повикува на убиства, ликвидации, се заканува со насилство, и кон колеги новинари, и кон преставници на институции. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски не виде причина за кривична одговорност на ова лице во изминатите години. Ги повикуваме останатите обвинители да не ги затвораат очите пред неговото јавно ширење на говор на омраза, повиците за насилство и убиства. Го повикуваме МВР по службена должност да преземе активности за санкционирање на лицето Бранко Тричковски. Истовремено, бараме од менаџментот на “Слободен печат“ јавно да се оградат од ставовите на лицето Бранко Тричковски и да ја прекинат соработката со него. Во спротивно, тие стануваат соучесници во истото, велат од МАН.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза и антисемитизмот кој го практикуваат структури блиски до власта
СДСМ ги помина сите граници. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза и антисемитизмот кој го практикуваат структури блиски до власта како што е последниот случај со нападите на Рашела Мизрахи од страна на Тричкоски.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека таквиот говор на омраза е стимулиран и поттикнуван директно од СДСМ и Зоран Заев. Тоа заедно со лажните вести се само завеса зад бегството од одговорност за криминалите за кои треба да одговараат.
-Ваквото оркестрирано ширење на омраза на гласноговорниците на Заев покажуваат само слабост и страв од пораз на хибридниот режим на Заев. Политиката на поделби на власта денес не зацврстува меѓу државите со највисока стапка на корупција и криминал во Европа. Ги повикуваме надлежните институции да превземат мерки за санкционирање на говорот на омраза и заштита на слободите и правата. Ги повикуваме сите општествено одговорни авторитети да го осудат антисемитизмот практикуван од владејачката СДСМ и ним блиските луѓе, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Медиумот во кој пишува колумнистот антисемитист добил 238.000 евра од Владата
Весникот „Слободен печат“ каде колумнист е Бранко Тричковски кој зборува за правење хумус од Евреи, споменувајќи ја министерката Рашела Мизрахи која е Еврејка од Владата добива милиони денари субвенции.
Ова го открива портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски на Фејсбук и притоа повикува на реакција на новинарските организации и институциите.
„Повикав на институционално делување за спречување и казнување на Бранко Тричковски заради непрестано и институционално непречено ширење на говор на омраза, антисемитизам и поттикнување на насилство поттикнато од верска, национална и друга основа“, вели Стоилковски.
Тој нагласува дека Тричковски е поранешен уредник, новинар кој што сега е коментатор и колумнист кој што редовно пишува во дневен весник, а се пренесува и на социјалните медиуми и портали.
„Тричковски е познат како миленик на власта, но тоа не треба да биде олеснителна, напротив отежнувачка околност во моментов. Тричковски убеден во заштитата, дополнително провоцира сограѓани, па оттука како граѓанин на Македонија кој што е редовен даночен обврзник предлагам и инсистирам:
1) Остра реакција од соодветните медиумски здруженија против говорот на омраза за Тричковски со тоа што ќе биде исклучен од истите;
2) Отстранување од страниците на медиумот Слободен печат каде што во нивното печатено и онлајн изданија се објавени неговите колумни.
3) Остра институционална реакција од соодветна државна институција против ширење омраза и расна и верска нетрпеливост“.
Доколку медиумот Слободен печат не постапи соодветно и не се огради и ја прекине соработката со Бранко Тричковски, вели Стоилковски, јас како даночен обврзник ОСТРО ПРОТЕСТИРАМ весникот и годинава да биде субвенциониран со државни пари од буџетот во кој што придонесуваме и јас и Рашела Мизрахи.
„Владата да побара од Слободен печат оградување и прекин на соработката со Бранко Тричковски, доколку медиумот мисли да добие субвенции годинава.
За пример, лани од субвенциите најмногу доби Слободен печат, во износ 14,3 милиони денари или околу 238 илјади евра државна субвенција.
Во обратен случај, владата субвенционира за ширење на идеите на антисемитист како Бранко Тричковски и поинаку не може да биде разбрано“, порача Стоилковски во неговата реакција.