недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бубевски: Се надевам дека и Апелација во предвидениот рок ќе има одлука за Мијалков

Бубевски: Се надевам дека и Апелација во предвидениот рок ќе има одлука за Мијалков

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, денес потврди дека на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, набрзо му застарува делото во случајот „Титаник 2“. Односно, делото застарува на 7 април следната година.

-Предметот застарува за четири месеци само во однос на обвинетиот Сашо Мијалков затоа што дејствијата за кои се терети се до пет години затвор (апсолутна застареност настапува за 10 години). Во однос на другите обвинети предметот останува во процедура затоа што роковите за застареност се многу поголеми. Меѓутоа, очигледно гледате дека судот прави напори сето ова да заврши во најбрз можен рок. Јас се надевам дека и Апелација во предвидениот рок, до моментот кога настапува апсолутна застареност, ќе има своја одлука, вели обвинителот Бубевски.

Кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за пет месеци, или во април 2023 година. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.

Најнови вести