среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бумбароски до Царовска: Не ги извртувајте моите изјави, јас сум за класични учебници дополнети со електронски материјал

Бумбароски до Царовска: Не ги извртувајте моите изјави, јас сум за класични учебници дополнети со електронски материјал

Најпрвин сакам да не ги извртувате моите изјави, јас не се согласувам со ваквиот начин на дигитализација. Јас сум за класични учебници надополнети со дигитални учебници, посочи Гоце Бумбароски, наставник од Прилеп на министерката Мила Царовска во „24 анализа“.

Бумбароски додаде дека не се согласува со ваков начин на дигитализација бидејќи Мила Царовска посочила дека по четврто одделение ќе има само дигитални односно електронски учебници.

-Примат давам на оние учебници кои што се класични и нормално да се надополнат електронски содржини и сето она што може да го користиме ние како материјал во електронска форма, рече Бумбароски.

Бумбароски укажа дека голем број на деца по цел ден се на своите паметни уреди и треба да се заштитат и да се заштити нивното здравје.

Најнови вести