четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бурна реакција на угостителите: Зошто не смееме да работиме до 1 часот ако ги почитуваме протоколите?

Бурна реакција на угостителите: Зошто не смееме да работиме до 1 часот ако ги почитуваме протоколите?
МИА

Од Независната угостителска комора сметаат дека не треба да има никакви рестрикции на работното време, ако се донесе унифициран протокол за работа во целата дејност, бидејќи Државниот пазарен инспекторат сега располага со цела палета сериозни, репресивни мерки, против оние кои работат незаконски.

-Пазарните инспектори сега може да ги казнуваат и да ги затвораат на лице место, угостителите, кои не ги почитуваат здравствените протоколи. Од друга страна, целиот сектор, не смее да биде заложник на оние кои и претходно, а и сега се недисциплинирани. Предлагаме да се донесе унифициран протокол за сите угостителски објекти и не гледам зошто не би смееле да работиме и до 01 часот како што беше порано, ако во објектите се почитуваат физичката дистанца и другите здравствени протоколи – вели за „Слободен печат“, Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

Најнови вести