четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бурни реакции: Граѓаните против поскапа струја (ФОТО)

Бурни реакции: Граѓаните против поскапа струја (ФОТО)

Повеќе од месец дена не стивнуваат реакциите на граѓаните против поскапувањето на електричната енергија. Во време на економска криза ваквата одлука претставува дополнителен удар за семејните буџети.

Покрај тоа што секое семејство ќе плаќа во просек дополнителни 180 денари секој месец, од минатиот месец веќе поскапеа и основните трошоци за живот, цените на мало и многу од секојдневните услуги кои ги користат граѓаните.

И во ваква ситуација цената на електричната енергија го направи поскап животот во Македонија, а власта вели дека не се откажува од одлуката, граѓаните единствен спас гледаат во протести. Во неколку градови веќе секој петок се организираат протести, а денес ќе протестира и опозицијата.

На социјалните мрежи граѓаните вријат. Кога власта нема слух, тие маката си ја изразуваат и на овој начин. Револтираните граѓани пишуваат дека секоја криза ја плаќаат токму тие, а државата станала лоповска. Други коментираат дека поминаа изборите и веќе нема потреба од народот и токму затоа добивме најскапа струја во регионот.

Други пак прашуваат дали се има милост и како е можно во економска криза да се зголемуваат трошоците. Тие потсетуваат на познатата изрека на Шекеринска дека продажбата на ЕСМ ќе биде „бонбона бизнис“, додека народот во реалноста осиромашува.

Има и такви кои повикуваат на добро организирани протести, бидејќи се работи за животно прашање. Се бара и непристрасна комисија, бидејќи некој заработува милиони, а народот осиромашува.

Најнови вести