„Бутел ли е, Бејрут ли е“, ваков статус се шири по социјалната мрежа Фејсбук од рано изутрина.
По се изгледа дека Петре Шилегов и Велимир Смилевски и двајцата родени и израснати во Бутел, воопшто не се ни засегнати со ваквите коментари од граѓаните на општина Бутел, мирни си седат во своите кабинети, а бутелчани секојдневно голтаат прашина и се плашат за нивната безбедност во сообраќајот.
Велимир Смилевски дојде како градоначалник на Бутел ветувајќи „Живот за сите“, ама со хаосот кој се случува во Бутел тешко се живее.
Автомобили паркирани по тротоарите, прашина насекаде, граѓаните несмеат да ги отворат прозорците да проветрат, се повеќе автомобили од општина Бутел секојдневно се по сервисите поради штетите од лошите улици, а Велимир Смилевски „мува не го лази“.
Ветуваа чист воздух, ама Бутел никогаш не бил позагаден, ветуваа „Живот за сите“, ама во Бутел се потешко се живее, ветуваа реформи, проекти, ама бутелчани како да живеат во Бејрут, возат по земја, по дупки, и голтаат прашина, поради автомобилите кои се паркирани на тротоарите веќе не е безбедно ни за децата, а безбедноста на децата е најважна. Тамошните жители велат дека децата мора да одат во градинка, тука е и училиштето „Живко Брајковски“, кое е близу оваа сообраќајница, како и градинката.
Бутелчани велат дека немаат живот во населбата и здравјето им е сериозно нарушено. Најзагрижени се за децата, кои постојано имаат респираторни проблеми, како и повозрасните, бидејќи секојдневно дишат прашина.
И не е само тоа проблем, бидејќи во близината се трговскиот центар и зелениот пазар, од каде што секојдневно мораат да преминуваат преку Бутелска за да испазарат.
ФОТО: Фејсбук