недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Царовска незаинтересирана да ги слушне аргументите на родителите, своеглаво ги турка најавените реформи во образованието 

Царовска незаинтересирана да ги слушне аргументите на родителите, своеглаво ги турка најавените реформи во образованието 

Министерката за образование, Мила Царовска нема да ги слушне критиките и аргументите на родителите кои остро се спротивставуваат на нејзините најавени реформи во образованието. Родителите на училишните деца најмногу се противат на новината која предвидува за учениците од четврто до деветто одделение и за средношколците, место класични хартиени и печатени учебници да се заменат со електронски, или како што милуваат да ги нарекуваат дигитални учебници.

За денеска е предвидена средба на родителите со претставници на министерството за образование (МОН), на која родителите треба да ги презентираат нивните барања и аргументи против укинувањето на печатените учебници. Родителите преку неформална Фејсбук-група „Учебници и настава мора да има“, која за експресно време собра скоро 75 илјади членови, во изминатиот период, револтот кон промените во образованието го изразуваа преку бојкот на наставата, како таа онлајн така и наставата со физичко присуство на нивните деца.

Тие бараат да се повлече предлог-законот кој предвидува дигитални учебници. Но, според родителите, на состанокот на кој се согласи МОН, нема да присуствува министерката Царовска затоа што им рекле дека била многу зафатена.

Од минатата недела има апели за бојкот на наставата во основните и средните училишта во знак на револт против дигитализацијата на учебниците и учењето од далечина.

Драгана Спасевска од Фејсбук-групата изјави за МИА дека се поканети денеска да имаат средба со претставници на МОН, на која поради обврски нема да присуствува министерката Мила Царовска. Спасевска тврди дека бојкотот во училиштата, кој го почнаа минатиот четврток, е помасовен и имаат се поголема поддршка за нивното барање да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Инаку против дигиталните, како единствена опција за учење, без печатени учебници се спротивставија не само родителите на децата од пониските одделенија, туку и самите ученици од повисоките, како на пример средношколците.

Од Средношколскиот сојуз велат дека тие не се против модернизација на образованието, туку тие се категорично против дигиталните учебници да бидат единствената опција по која учениците ќе треба да учат.

Против најавени реформи во образованието, освен најзасегнатите родители и ученици, се и разни општествени дејци и организации. И од опозициската партија исто така се против начинот кој е предвиден да се одвива наставата.

Од таму велат дека ако се остани на овој став, голема е веројатноста над 40 илјади ученици да останата надвор од образовниот процес, воглавно поради немање услови за обезбедување на ИТ опрема и интернет.

Најнови вести