Социјалната парична помош, за да може да ја врши улогата за којашто е наменета, треба да изнесува 6.000 денари за поединец или 12.000 за четиричлено семејство. Ние ветуваме дека примателите на социјална парична помош ќе живеат достоинствено и ќе може да си ги обебзедат основните потреби за пристоен живот, ова го изјави тогашната опозиционерка, а сегашна министерска за труд и социјална политика Мила Царовска на 23-ти јули 2016 година непосредно пред СДСМ да ја превземе власта.
Ова е само едно од низата на лажни и нерални ветувања кои претставниците на тогашната опоцизија им ги даваа на граѓаните. За да биде сликата потрауматична Царовска оваа изјава ја даваше во импровизираниот камп кој се наоѓа под Кале па дури и ги повикуваше тогашниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер Диме Спасов да им објаснат на луѓето како може да живеат со 2.831 односно 6.000 денари социјална помош.
За волја на вистината ниту кампот се тргна од под Кале, таму сеуште живеат десетици семејства на Роми, ниту социјалната помош достигна 6.000 денари за поединец или 12.000 за четиричлено семејство. Податоците од министерството со кое раководи Царовска ја покажуваат нејзината неспособност, но и лага да го одржи ветувањето кои им го даваше на граѓаните кои припаѓаат во загрозената категорија.
Социјалната помош за 2018-та година за лице изнесува 2.871 денар додека за четиричлено семејство изнесува 6.057 денари. Ваков дебакл, Царовска не ни можеше да помисли дека ќе и се случи. Социјалната помош пораснала за само 40 денари односно 57 денари. Разликата помеѓу ветеното и оствареното е 3.129 односно 5.943 денари.
Но неисполнувањето на ветувањата на СДСМ, а посебно на Царовска не е ништо ново. Таа повеќе пати покажа дека не само што не е кадарна да го води едно од најсложените министерства туку и нема ниту идеја и визија како да го води ресорот со кој е задолжена. Токму во нејзиното министерство се појавија скандали со дечињата од домот “25-ти Мај“, каде постојано исчезнуваа штитениците, а дури и имаше случај на бремено девојче кое било принудено да се проституира.
Царовска не поднесе никаква одоговорност ниту за овој случај, а нема ни да поднесе ниту за овие лажни ветувања што им ги ветуваше на граѓаните во обид да го добие нивниот глас.
Проектите што се направени во периодот 2006-2016-та година за социјално загрозените категории на граѓаните се огромни. Прво се спроведе отпис на долгови каде 14.000 лица добија отпис во вредност од 1.798.493.393 денари. Потоа се обезбеди обезбедување на условен паричен надоместок за средно образование, кој се исплаќа за ученици кои редовно посетуваат настава и се од домаќинствата корисници на социјална парична помош.
Дополнително за секое семејство кое корисник на социјална помош добива неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија, се додава во соопшетнието.
Се донесе мерка за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства, беа ослободени корисниците на социјална и постојана парична помош од плаќање на радиодифузна такса. Се обезбеди пакет на мерки за помош и поддршка на децата без родители и родителска грижа, воведени се нови права за лицата со инвалидност како и бесплатно летување и зимување за над 12.000 деца од семејства во социјален ризик.
Ова се само дел од мерките кои ги направи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006-2016 година. Овие мерки што се воведени се со цел подобрување на граѓаните кои припаѓаат на загрозени групи имаа за цел да им го олеснат животот и подобра интеграција во општеството. Манипулациите од Царовска тогаш и сега се препознаени од граѓаните. Ветувањата кои ги даваа СДСМ во предизборниот период се покажуваат дека не само што се тешко достижни туку се граничат со научна фантазија.