Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ) ја одржи својата онлајн работилница на тема „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“. Настанот беше во организација на ЦБИ во соработка со Шведската Алумни Мрежа за Западен Балкан (SANWB), а со поддршка од Шведскиот Институт (Swedish Institute).
Според организаторите, темата на денешниот настан е многу актуелна и претставува една од најчестите форми на асиметрични безбедносни закани со кои се соочуваат денешните безбедносни системи на сите држави во светот. Токму затоа, ЦБИ како невладина организација која работи во полето на безбедносните истражувања, се одлучи да посвети еден настан на оваа тема, и да ја разработи заедно со експертите кои беа дел од денешниот панел, и се надеваме дека ќе дадеме барем скромен придонес кон пронаоѓањето решенија за безбедносните предизвици кои ги носат пропагандата и дезинформациите.
Дел од настанот беа претставници од дипломатските мисии во Република Македонија, претставници од меѓународни организации, претставници од национални и регионални алумни организации на Шведскиот Институт, претставници од медиумите, академскиот сектор и невладиниот сектор.
Заради постоечките мерки за заштита од COVID19, настанот се одржа во онлајн формат, на платформата ZOOM.