По објавеното видео во италијанските медиуми денеска од рекетирањето на Боки 13 и Зоки Кичеец целата држава остана во неверување.
За видео снимката се заинтересираа и сите регионални медиуми.
Српските медиуми на големо ја пренесоа веста од видеото во кое Боки 13 зема рекет од неверојатни милион и половина евра од бизнисменот Орце Камчев.
„Вака Боки 13 излегува од вила со еден милион евра во куфер“
„Шок снимка! Боки13 вака рекетира! Во женска торба Луј Витон стави милион евра и си замина“
„Милион евра во Луј Витон торба: Шок снимка откри како Боки 13 рекетирал бизнисмени…“, се само дел од насловите во српските медиуми.
Веста за рекетирањето го објавија и босанските медиуми „Хабер“ и „Аваз“, како и речиси сите албански медиуми.
Инаку веста прва ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“.