среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Целосно нормализиран патниот правец по обиколница Велес – Скопје кај Хиподром

Целосно нормализиран патниот правец по обиколница Велес – Скопје кај Хиподром

Патниот правец по обиколница Велес – Скопје кај Хиподром е целосно нормализиран, соопшти Автомотосојузот.

Вчера беше блокиран поради сообраќајка на патничко возило „хонда“ кое излета од патот на клучката Хиподром кон Обиколницата и беа повредени три лица.

АМСМ известува дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози и дека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Најнови вести