Се уште има притисоци, навреди, закани од министри и далеку е од тоа да бидеме задоволни, вели претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Имаме министри што се закануваат со тужби кон новинари, денеска имате министри што квалификуваат на овој или оној начин медиумите. И денеска имате министри што наместо да одговараат на прашања на новинарите тие одговараат со контра прашање најчесто во ироничен или во некоја друга смисла која што би требало да го навреди новинарот, појасни Чадиковски.
Чадиковски додава дека денеска поради социјалните мрежи имаме наплив на лажни вести, на пропаганда и на неетничко известување, на етикетирање на луѓе, бизнисмени и политичари и било што без никаков однос и тоа кога значи нема основа. Но истовремено посочи дека од друга страна во нашава земја имаме и фини медиуми кои работат по стандардите и кодексот на новинарите.