Главниот уредник на 24 Вест ии новинар Младен Чадиковски смета дека СДСМ како оправдување за своите неуспеси ја обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека власта во моментот ја има СДСМ и дека токму тие се најодговорни за се што се случува во Република Македонија.
Имено, на денешната дебата на ТВ 24 во емисијата Отворено која што ја водеше токму Чадиковски и порача на пратеничката Соња Мираковска која објаснуваше дека ВМРО-ДПМНЕ е виновен за неносењето на Законот за јавно обвинителство, дека на секоја дебата папагалски повторуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно, укажувајќи дека несериозност произлегува токму од владата и парламентарното мнозинство на СДСМ во собранието.
-Знаете, се добива впечаток дека секој обид на коалицијата да донесе некој закон во кој што нема да успее, вие барате оправдување во ВМРО-ДПМНЕ. Мислам вие сте власт во државата, одговорноста е ваша, не е на ВМРО-ДПМНЕ. И сега на секоја дебата вие повторувате папагалски дека ВМРО-ДПМНЕ е криво за ова за ова. Но законот еве го на 7 дена пред распуштање на Собранието го немаме и тоа делува несериозно, и посочи Чадиковски на Мираковска.