– Нашиве генијалци во Владата решиле да ги ослободат од патарина српските туристи и за тоа планираат да потрошат 2.8 милиони евра во текот на туристичката сезона. На влез во земјава Србите ќе добивале електронска картичка на која ќе има кредит од 760 денари, кои биле доволни да се стигне од Табановце до Гевгелија, и назад. Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарината од 15-ти јуни до 15-ти август. Ќе биле изработени 200.000 вакви картички, а изработка на една чини 100 денари. Односно за ова ќе с е потрошат 350.000 евра, нагласи Коле Чашуле во вчерашната емисија „Седмица“ на телевизија Алфа.
Чашуле додаде дека тоа нема да важи за сите. Туку само за оние кои ќе одат и ќе се враќаат од Грција, а не и за српските граѓани кои што сакаат да летуваат во Македонија.
– Јас ваква глупост не сум видел. 2.8 милиони евра или 350.000 евра за печатење на картички ама само ако одат во Грција, срамота. Една позитивна работа ќе пробарате да направите и таа ќе ја утнете, рече Чашуле.
Чашуле запраша зошто се ослободени од патарина само Србите што ќе одат во Грција на летување, а не и тие што сакаат да летуваат во Македонија.
– Ова не е чиста дискриминација? Според оваа ваша глупа одлука им се заблагодаруваме само на српските граѓани кои ќе летуваат на море во Грција. Но, не и на тие што ај што од нивни пари дадоа за вакцини, туку и сега се подготвени да ги потрошат своите пари тука кај нас во Македонија, е ние на нив им велиме е вие ќе си платите патарина. Ако ги оставате вашите пари кај нас, ние ќе ви наплатиме патарина секако, рече Чашуле коментирајќи ја одлуката на Владата за делумно ослободување на српските граѓани од патарина.
Чашуле посочи дека додека секоја држава се залага да се развива домашниот туризам, власта во Македонија го уништува.