среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ченто: Нема да барам амнестија, судот нека ми пресуди, а не политичките елити

Ченто: Нема да барам амнестија, судот нека ми пресуди, а не политичките елити

Почитуван судски совет, лично јас сакам вие, а не политичките елити да не судат. Во завршна фаза сме. Цела македонска јавност, а најмногу вие сакате да се дознае вистината за 27 април и да има правда. Јас нема да поднесам барање за амнестија, вие пресудете ни, а не политичките елити да кажуваат дали сум виновен или не, рече обвинетиот Јане Ченто на денешното рочиште за 27 април.

-Точно е дека влеговме во Собрание со понесени емоции, но поентата е дека секој мора да ги сноси последиците. Исклучиво вие и никој друг, имате право да ни судите. Само сакам да знаете дека имам целосна доверба во вас, време е да покажеме на сите дека ние сме правна држава и дека судската власт е самостојна, рече Ченто.

Најнови вести