Несомнено во Бугарија постои спрега помеѓу политиката и науката, а со самиот факт што овие денови гледаме дека БАН излезе со книшка во однос на македонскиот јазик. Таа спрега не е нова и постои со години и се провлекува низ целокупната историја, вели професорот по историја Тодор Чепреганов во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија
„Договорот помеѓу Македонија и Бугарија на мене повеќе ми личи на непријателски отколку на пријателски договор. Зошто го велам ова? Затоа што ако сме најблиски соседи, со тек на време сме имале взаемни односи, меѓутоа секој си терал по својот пат. Денешните обиди на бугарската политика затоа што ова прерасна во политичко прашање, видете во моментот што се случува со комисиите. Од една страна политичарите велат дека прашањето со Македонија ќе биде во однос на она дали Гоце Делчев и Мисирков се Бугари, дали сме еден народ, нашшиот поранешен премиер вели дека тоа ќе биде решено. Излегува господинот Османи и вели дека ние сме потпишале договор во кој што мораме да ги исполниме обврските, а од друга страна Борисов вели дека има потпишан договор и македонската страна треба се да прифати,“ потенцира Чепреганов
Тој истакна дека во основа имаме еден политички диктат, имаме комисии кои треба да го верификуваат она што политиката го зацртала.
„Ако нешто не постои не се негира. Ако не постои македонски јазик, и идентитет не се негира, бидејќи не постои, се негира она што постои, затоа Бугарија го негира потоењето на македонскиот јазик и идентитет. Тие не успеаја да докажат дека во Македонија навистина живеат Бугари. И затоа со договорите им с еукажа можност со политички диктат да го докажат тоа“, нагласи Чепреганов