Професорот по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 Телевизија коментирајќи ги променетите имиња на институциите истакна дека зборот национален не може да биде замена за македонски, и дека институционално се губи македонскиот идентитет.
– Премиерот Заев кога викаше дека со договорот е зацврстен македонскиот идентитет и македонскиот јазик, изгледа мислеше да се исфрли се што е македонско и да се стави зборот национален, вели Чепреганов.
Тој потенцираше дека образложението на Владата не држи воопшто, затоа што во придавката македонски го имаш и етничкото и историското, а не и во национален.
– Што смета на македонско да биде пред секоја институција ? Што им сметаше на владата тоа до сега за да го промени? Кого ова го навредува? Македонците или некои други?, прашува Чепреганов.