петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чепреганов: По договорот со Грција нас ќе не нема, си ја укинувме историјата

Чепреганов: По договорот со Грција нас ќе не нема, си ја укинувме историјата

Тодор Чепреганов, познат историчар и долгогодишен директор на Институтот за национална историја вчера во емисијата „Во Центар“ кај Васко Ефтов, рече дека по договорот со Грција, како народ не нема, и дека свесно самоволно си ја укинуваме целата историја.

– До овие чекори кои беа преземени со потпишувањето, со менување на името, Македонија си имаше своја историја. Меѓутоа гледаме дека со многу настани кои што се случуваат, и потпишување на многу договори, политичарите знаат да ги окарaктеризиират како историски. Еве и овој договор е окарактеризиран како историски договор. Рамковсниот договор е историски договор велат, Пржинскиот договор е историски, Договорот со Бугарија е историкси договор, Договорот со Грција е историски и сега моето прашање кон вас, овие сите историски договори се историски ама на крајот ја нема историјата на тие за кои што се потпишува, ги нема Македонците и македонската држава станува нешто сосема друго, значи во историските договори нас не нема. Какви се тие историски договори кога ние се самоуништуваме?, одговори историчарот Тодор Чепреганов на прашањето кое му беше поставено од Ефтов, дали воопшто има историја за која Македонците можат да ја наречат дека е нивна?

Чепреганов посочи дека менување на името на државата значи и нова конструкција на народ кој всушност подразбира нов народ.

Тој истакна дека со потпишување на Договорот, со враќање на македонците на словенството и бришење на се она што било од тој период до денес, испаѓа дека македонскиот народ е донесен на овој простор и ја узурпирал оваа територија.

Најнови вести