Пред нас го имаме Буџетот кој оваа влада го предлага за 2019 година. На страна тоа што досега не се случило во еден месец Владата да ни предложи ребаланс на Буџет и Буџет за следната година. На страна тоа што направивте проекција и на овој Буџет за 2018 година од раст од 3.5%, оценувавте дека ќе се заврши со 2.8%, а најрелавантниот буџет за светски институции ја покажаа реалната слика. ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија за 1.6%. Со што Македонија има убедливо најлоши оценки од меѓународните финансиски институции, нагласи Павлинче Честојнова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.
Честојнова образложи дека пред нас имаме мегаломански, популистички, расипнички буџет, кој дополнително ќе ги осиромаши граѓаните на Република Македонија.
-Буџет кој со првиот ребаланс ќе претрпи големи измени. Односно ќе се стопираат сите капитални инвестиции. Како што впрочем имавме и со ребаланс на Буџет за 2018 година. Година кога имавме најслаба реализација на капиталните инвестиции. Едвај 31%, да со ребалансот да се стигне со 41%. Македонија благодарение на оваа влада го има рекордно најниското ниво на капиталните инвестиции и покрај сите владини најави, појасни Честојнова.