На денешната собраниска седница пратеничката Павлинче Честојнова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека целта на носењето на секој закон како и измените и промените во законот е подобрување на условите за работи, за живот, за тие за кој е наменет законот. Односно целта на секоја измена во законот е секогаш за подобрување на веќе постоечкото законско решение. Што не е случај за овој предлог законот што секако не е во таа насока, за законот со вино.
-Мило ми е што денес сме конечно почестени со присуството на министерот за земјоделие на денешната седница. Затоа би сакала да Ве прашам министре од каде произлезе овој предлог закон, со кој се консултиравте? Дали е ова тоа што е потребно во моментот и што ќе ги реши проблемите на лозарите, запраша Честојнова.
Честојнова исто така истакна дека овие измени во законот за вино, не носат ништо добро за лозарите. Оваа измена на законот за вино е нов вид на уцена и девалвирање на лозарите. Овие измени на законот за вино носат огромен ризик за иднината на лозарите во Македонија.
-Со амандман предложивме комплетно бришење на членот 3 од овој предлог од закон, се со цел да се задржи автентичноста на македонското вино. Да се спречи дополнително нарушување на пазарот и процесот на откуп на грозје, и депресирање на откупната цена на грозјето на барањето за зголемување на содржината на шеќерните единици, додаде Честојнова.