среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Четири години власт на СДСМ и Зоран Заев – што се беше ветено, а што реализирано?

Четири години власт на СДСМ и Зоран Заев – што се беше ветено, а што реализирано?

Владата на СДСМ и Зоран Заев ветуваше голем број на капитални инвестиции низ цела Македонија, но освен укината радиодифузна такса, после четири години единствено македонските граѓани добија: промена на име, околу 2 милијарди долг, голем број на фирми за одгледување на марихуана, повисоки сметки на струја, повисоки сметки на вода, два пати покачена акциза на нафетните деривати, како и покачување на цената на сите артикли во земјата, со други зборови, после четири години власт на СДСМ Македонија од преспективна земја, стана црна дупка на Балканот по сите параметри.

Четири години власт СДСМ: Од ветениот „живот за сите“, граѓаните ја добија срамната придавка и повисоки давачки во сите пори на општеството
Под слоганот „Живот за сите во Македонија“ пред четири години тогашната опозиција ја водеше кампањата за освојување на власта, притоа ветувајќи брда и долини, но што добија граѓаните за овие изминати години на чело со Зоран Заев.

Тогашниот опозициски лидер, Зоран Заев на партиските митинзи ветуваше дека нема да дојде до промена на уставот а со цел промена на името, ветуваше инвестиции на странски гиганти, како Фејсбук и Гугл, други странски инвестиции, капитални проекти и се што уште не, но по четири години, од тие ветувања ништо не беше остварено, а преку медиумска пропаганда во изминатиот период се обидуваат да го докажат спротивното.

-Не е ништо тајно ниту некоја специјална стратегија и цело време го донеле Заев за да го продаде името, ајде мајката, истакна во септември 2017 година Зоран Заев, тогашен премиер на Република Македонија.

Тогаш Заев го излажа сопствениот народ и четири години подоцна, Македонија е со променето име, и со неколку последователни блокади за почеток на преговорите со ЕУ, а како последица од штетниот договор за добрососедство со Бугарија, која што не се откажува од своите барања и намери околу посебноста на македонската нација и историјата на македонскиот народ, со други зборови, благодарение на овој договро Заев-Борисов, нашиот источен сосед бара да признаеме дека како Македонци постоиме од 1945 година, а претходно дека сме биле Бугари.

Покрај лагата дека нема да дојде до смена на името на држават, пред четири години премиерот Зоран Заев најавуваше економски бум во Македонија, а од истиот ништо и речиси не се оствари. При своето гостување на телевизија 24 рече дека се подготвува инвестиција на интернет гигантите Facebook и Google кои треба да дојдат во Македонија, притоа посочувајќи дека новата Влада ќе работи на задржување и привлекување на странски инвеститори, но со еднаков третман и на домашните компании. Но реалноста на терен, денеска говори нешто друго, односно дека овие ветувања биле само лаги на Зоран Заев пред локалните избори во 2017 година. Она што денеска после четири години е кристално јасно е фактот што Македонија е на дното во однос на странските инвестиции во регионот, а оние инвестиции кои што ги промовираше власта беа инвестиции од компании кои што инвестирале во времето од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а решиле да ги прошират своите капацитети во Македонија.

Во однос на капиталните инвестиции, Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев и на ова поле нема со што да се повали, односно истите од ветените километри патишта и други капитални инвестиции, останаа само празните ветувања и владината пиар пропаганда која што упорно тврди дека реализирале голем број на проекти, а во суштина на терен во изминатиот период ништо и се уште ништо не се работи.

-Со досега изградените и обновени преку 500 километри патишта во вредност од околу 540 милиони евра, Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата. Како дел од позначајните проекти во инфраструктурата е автопатот Миладиновци – Штип кој беше наследен од ВМРО-ДПМНЕ со бројни грешки и недостатоци во изградбата. Граѓаните денес имаат автопат безбеден за соообраќај, се вели во соопштението на СДСМ од 26 август од 2019 година.

Имено, СДСМ твдрат дека изградиле 500 километри патишта, а состојбава е сосема поинаква, одностно авто-патите Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип, Кичево-Охрид и други експресни патишта беа започнати во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а некои и речиси завршени. Како на пример, автопатот Демир Капија-Смоквица беше изграден изграден, а Владата на СДСМ со ора и чочеци само го пушти во употреба, исто така Миладиновци-Штип речиси 90% готов автопат, упорно го одолговлекуваа, се со цел дека наводно нешто се работи плус, а граѓаните иако не беше пуштен во употреба, граѓаните истиот го користеа за што постојат и видеа на социјалните мрежи. Во однос на автопатот Кичево-Охрид кој речиси готов беше 50 посто, и после 4 години истиот не е завршен, иако пеа потпишувани дополнителни договори плус за играба на истиот, иако секоја година беше најавувано дека следната година ќе биде готов, за оваа година министерот за транспорт и врски да објави дека истиот ќе биде готов до 2023 година, а истиот во употреба требаше да биде готов во 2019 година. Експресниот пат Штип-Кочани и Градско-Прилеп исто така беа започнати во времето на ВМРО-ДПМНЕ, од кој оној Штип-Кочани во очи на парламентарните избори, иако нецелосно изграден беше пуштен во употреба до клучката кај Пробиштип, односно село Крупиште, а за експресниот пат Градско-Прилеп во 2019 година беше раскинат договорот со шпанската компанија, за што денеска сведочат единствено само поставените табли од времето на ВМРО-ДПМНЕ за стартот со работа на истата таа делница.

Владата на СДСМ и Зоран Заев ветуваше голем број на капитални инвестиции низ цела Македонија, но освен укината радиодифузна такса, после четири години единствено македонските граѓани добија: промена на име, околу 2 милијарди долг, голем број на фирми за одгледување на марихуана, повисоки сметки на струја, повисоки сметки на вода, два пати покачена акциза на нафетните деривати, како и покачување на цената на сите артикли во земјата, со други зборови, после четири години власт на СДСМ Македонија од преспективна земја, стана црна дупка на Балканот по сите параметри.

Најнови вести