Изгласаните измени на Законот за тутун и продолжување на рокот за откуп за еден месец нема да го решат проблемот на тутунарите.
Имено, откако вчера во Собранието се изгласаа измените на Законот за тутун, за тутунопроизводителите се незадоволни бидејќи како што велат ова е половично решение кое не значи дека проблемот со кој се соочуваат скоро четири месеци ќе биде надминат.
Со носење на измените на Законот за тутун вчера во собранието нема да се реши нашиот проблем. Нашиот проблем ќе заврши кога ќе се откупи целата количина на тутун по реална проценка, а не како до сега. Мора да се плати трудот и еднаш за секогаш да почнат да не ценат, а не да не потценуваат. Ние веќе не веруваме во владата и во вакви краткорочни решенија, поучени од минатото, владата и Министерството секогаш носеа решенија штетни за нас. Токму затоа во четврток ќе излеземе на протест да го искажеме нашиот револт и ќе поставиме јасни услови и барања до владата која ако навистина се грижи за македонското земјоделство и земјоделците тогаш ќе мора да ги прифати, вели еден од тутунопроизводителите кој од разбирливи причини сака да остане анонимен.
Протестот на тутунопроизводителите ќе се одржи во четврток со почеток од 12 до 14 часот, а ќе се блокира Плетвар кај бензинската пумпа Лук Оил, а како што информираат истиот е уредно пријавен во полиција од страна на здруженијата.
Организаторите на официјалната страна на фејбук, упатија апел до сите тутунопроизводители да се приклучат на протестот бидејќи како што велат маката и целта ни е иста, а тутунот мора да се откупи до последниот производен килограм.
Новоформираните здруженија со заеднички протест. Кога се работи за интересот на тутунарите недоразбирањата мора да се остават и се оставени на страна. Ги повикуваме сите тутунопроизводители без разлика на вера нација или политичка определба, маката ни е иста и целта ни е иста. Тутунот мора да се откупи до последниот произведен килограм .Тука ќе се потенцира и барањето за 90 денари субвенција по сите класи за што на министерот му беше доставен и документ на каков начин и од кој ставки од буџетот ќе се обезбедат овие средства бидејќи ги има во буџетот само треба волја да се искористат за намалуваме на штетите од ниската откупна цена во минатата реколта. Ако кон овие 90 денари по килограм ги додадеме и 10 денари од КОВИД мерката која ги планира владата ќе дојдеме до цена која барем малку ќе ја амортизира загубата која ја претрпеа тутунарите. Исто така за новата реколта имаме решенија кои исто така ќе бидат доставени до Министерството со кои сметаме дека сега треба да се решат проблемите за да не наидеме повеќе на ваква тешка реколта по тутунарите, пишуваат организаторите на протестот на ФБ групите.
За потсетување, проблемот на тутунопроизводителите е од почетокот на месец декември, а власта и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и понатаму остануваат неми на проблемите на тутунарите, туку напротив токму владејачкото мнозинство на СДСМ во собранието го изгласа Законот за увоз на тутун, со кој се дозволува увезување на странски тутун пред да биде откупен домашниот тутн.