НЕ, за легализација на марихуаната за рекретивни цели, ова денеска преку статус на Фејсбук го потенцира доктор Андон Чибишев.
-Деновиве се почесто слушаме во јавноста изјави од авторитети од власта дека треба да се отвори дебата за декриминализација на марихуаната и нејзина легализација за рекретивни цели. Во 2015 година Македонија беше една од земијите која ја легализираше марихуаната за медицински цели односно за медицински научни истражувања и производство на екстракти од марихуана кои ќе се користат во медицината.Тогашната Влада организираше неколку собири на кои домашни и странски експерти дискутираа за позитивните и негативните ефекти од употребата на екстрактите од марихуаната. Иако употребата на маслото од канабис беше најавувано како супер лек за многу болести, па дури и за најтешките и дотогаш неизлечивите , до денес јас не сум слушнал ништо спектакуларно , освен дека имаме прозиводство на масло од канабис, далеку од тоа дека има некои нови видливи, достапни, релевантни информации за позитивното дејство на препаратите од марихуана, вели тој.
Чибишев додава дека бидејќи ние немаме статистика за злоупотребата на марихуаната, светските искуства покажуваат дека марахуаната предизвикува зависност и дека ја заробува помладата популација помеѓу 14 и 20 години. Покрај тоа, може сериозно да ја поремети работата на виталните органи и да резултира со психички и ментални нарушувања. Има статистички податоци дека голем процент од сообраќајните незгоди предизвикани од помлади возачи се резултат на претходната злоупотреба на марихуана.
Затоа , мојот став и во 2015 година кога од позиција на пратеник во Собранието гласав против Законот за легализација на марихуаната за медицински цели, останува ист, големо НЕ за декриминализација на марихуаната и легализација за рекретаивни цели, стои во неговиот пост на Фејсбук.
НЕ, за легализација на марихуаната за рекретивни цели
Деновиве се почесто слушаме во јавноста изјави од авторитети од…
Posted by Андон Чибишев on Thursday, October 15, 2020