Само пред две недели опасноста од епидемијата беше на најависоко можно ниво. Постоеше опасност бројот на заболени рапидно да расте и со тоа да го парализира Македонскиот здравствен систем со наплив на тешки болни кои ќе побаруваат висок степен на интенивна нега и лекување. Дури, за време на најголемиот христијански празник, Христовото воскресение Велигден, четири дена бевме во карантин. Сето тоа македонските граѓани послушно и дисциплинирано го испочитуваа и издржаа.
И сега, одеднаш на волшебен начин опасноста помина, нема голем број на новозаразени и хоспитализирани, ситуацијата станува лефтерна.
Затоа, Заев препорачува, да ја зграпчиме оваа прилика и да одиме на избори зошто на есен постои можност за повторна ескалација на епидемијата. Во тоа има безрезервна поддршка од најодговорниот, Министерот за здравство Филипче.
Несриозно и неодговорно , драги мои.
Плашите мечка со звечка.
Власта е безвредна.
Секој живот вреди!
Фејсбук статус на доктор Андон Чибишев