Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски кој конкурираше за судија во Управниот суд, започнува да работи како судија, по правосилното завршување на постапката.
Чичаковски беше избран од страна на Судскиот совет за судија во Управниот суд во конкуренција на 31 кандидати за 2 судиски места.
Покрај него, беше избрана и Елеонора Ајро, сопруга на специјалниот обвинител Артан Ајро.
Инаку, Чичаковски заедно со членовите на ДИК поднесоа оставка по парламентарните избори во 2016 година, откако беше обелоденета аферата со делење бонуси, покрај високите плати.