четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ЧИЧО ЈАС ТЕ САКАМ И МРАЗАМ ВО ИСТО ВРЕМЕ!“- Секундите адреналин на асфалтот ги плати со смрт!

„ЧИЧО ЈАС ТЕ САКАМ И МРАЗАМ ВО ИСТО ВРЕМЕ!“- Секундите адреналин на асфалтот ги плати со смрт!

Македонија втор ден е завиена во црно, но Македонија секојдневно губи по некој син, ќерка, мајка, татко, дете, братучед, другар, љубовник и што ли уште не…, на црните патишта превезувајќи се со автомобил, автобус или пак мотор…

Во чест на сите прерано згаснати животи на патиштата кој вечно ќе бидат со нас и никогаш нема да ги заборавиме!

Те мразам и сакам во исто време, вечно ќе го мразам моторот, ти си причината за тоа!

Од мал мразев да си играм со мотори, никогаш не добив на поклон мотор како дете, никој не сакаше да помисли да го спомене името мотор во нашата фамилија, причината беше ти…

Никогаш на мојата роденденска торта немав мотор, никогаш не се качив на мотор, секогаш кога ќе видев мотор како дете ме потсетуваше на тебе, ме потсетуваше на смртта, на крвавиот асфалт на кој што лежеше ти.

Мразам да помислам дека те нема, дека секундите претворени во адреналин ги плати со смрт, мразам да помислам дека остана вечно заљубен во моторите, мразам да помислам дека секојдневно на асфалтот остануваат вечно солзите на многумина, вресокот на мајките, тагата на најблиските…

Нај многу ја сакам пролетта и мирисот на јоргованите кои расцутуваат онаму каде што вечно остана да сонуваш, нај многу го сакам тој мај, но нај многу те мразам тебе, тебе и твојот мотор!

СЛАВА ИМ!

Најнови вести