По повод почетокот на новата учебна година, членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров во текот на денешниот прв училишен ден посетија неколку првооделенци на кои им подарија училишен прибор.
-Ги поздравивме со желба за успешно совладување на знаењето и успешно пловење низ училишните клупи. Детската насмевка за нас нема цена, велат од ОК Ѓорче Петров.