На почетокот на комисиската расправа за одземање на мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, Трајко Вељаноски обвини дека власта преку судството врши притисок и политички прогон.
-Денес се бара одземање на мандатот на долгогодишен пратеник и премиер поради процес во кој нема докази дека осудениот се стекнал со каква билко материјална корист, истакна рече Вељаноски.
Тој оцени дека преку погазување на правото, правдата и судството се дефокусира јавноста.
По ова членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитетски прашања ја напуштија седницата.