четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чолакова Дервишова: Се земаа кредити за да се спасат животи на своите блиски- граѓаните не смее да наидат на затворени врати во здравствениот систем

Чолакова Дервишова: Се земаа кредити за да се спасат животи на своите блиски- граѓаните не смее да наидат на затворени врати во здравствениот систем

Не смее пациентот да прашува зошто плаќа здравство кога платата ја дава во приватни болници. Пациентите земаа кредити за да спасат човечки живот за своите блиски. Тоа се недостатоци на здравствениот систем. Здравствениот денар мора да го следи пациентот, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружение на приватни лекари.

Таа истакна дека повеќе не смее да се случува граѓаните да наидат на затворени врати во здравствениот систем, како што беше за време на пандемијата.

-Мора да има термини, треба да се работи во интерес на здравјето на граѓаните бидејќи на крај тие плаќаат од својата плата за да може да има здравствен систем кој ќе функционира. Целокупното здравство мора да работи, не смее да има прекин за прегледи за кардиоваскуларни заболувања, не смее да има прекин за ехо на дојка, простата, здравството во кризни ситуации мора брзо да реагира, бидејќи тука имаше застој и не смее да има затворање на врати како што се случи за време на пандемијата, рече Чолакова Дервишова.

Во однос на телефонското здравство кое стана тренд дури и кога бројките паднаа таа вели дека тоа е лош пример бидејќи докторот не може навремено да направи дијагноза како што треба ако не го види физички пациентот.

– Мојот став за телефонското здравство е негативен и повеќе пати излегов да кажам дека доктор е доктор ако стави стетоскоп, слушалка, ако го ислуша пациентот. Владата апелираше телефонски граѓаните да се обратат до матичен, но тука се направи проблем. Многу луѓе се појавија касно со развиена бронхопневмонија. Нашата држава се уште има доволна бројка на матични доктори да може да работат физички со пациентите и треба да заврши тоа телефонско работење, потенцира Чолакова Дервишова.

Најнови вести