четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чомбе фотографиран во гужвата на трибините при тепачката во Краков, со него и Сокол

Чомбе фотографиран во гужвата на трибините при тепачката во Краков, со него и Сокол

Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина поставен од Петре Шилегов, Ѓорѓе Галетановски- Чомбе и директорот на затворот Шутка Филип Андов, попознат како Сокол, можеа да се забележат за време на гужвата на трибините во Краков, каде македонски навивачи се степаа неѓу себе.

Срамната игра на македонските ракометари на терен во дуелот со Аргентина во 3. коло од групната фаза на СП 2023 во Краков, дополнето и со срамно однесување на дел од „Фалангата“.

На полувремето од натпреварот меѓу Македонија и Аргентина конфликт и меѓу дел од македонските навивачи на трибините. На фотографиите кои ги објави порталот 24 Ракомет, во гужвата каде се разменуваа тупаници од страна можеше да се забележи поранешниот директор на скопската Зоолошка градина поставен од Петре Шилегов, Ѓорѓе Галетановски- Чомбе, а на социјалните мрежи на заедничка слика со Галетановски можеше да се забележи и директорот на затворот Шутка Филип Андонов, попознат како Сокол. Андонов е член на Централниот одбор на СДСМ во Кисела Вода.

Покрај Галетановски и Андонов, декор на овие немили сцени беше и поранешниот советник во владата на СДСМ Силвио Аврамовски.

Две групи се судрија на трибините, најпрво со вербална пресметка а потоа со обид и за физичка пресметка, за да на крај реагираат организаторите па на крај редарите замолуваа дел од навивачите кои се впуштија во конфликт да ја напуштат „Таурон арената“…

Најнови вести